„ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА НАШАТА ЗЕМЈА“: Русија се повлекува од договорот за забрана на нуклеарни проби

Русија ќе се повлече од Договорот за забрана на нуклеарни тестови, изјави денеска претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин.

– Поради безбедноста на нашата земја, ја повлекуваме ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови – рече тој.

„ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА НАШАТА ЗЕМЈА“: Русија се повлекува од договорот за забрана на нуклеарни проби

Пред гласањето во парламентот за повлекување од договорот за нуклеарно тестирање, Володин рече дека одлуката е донесена и поради лошите односи со САД.

– Русија го ратификуваше договорот (во 2000 година), но Вашингтон не успеа да го ратификува поради нејзиниот неодговорен однос кон глобалните безбедносни прашања – рече тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.