Непозната девојка од Индија 2019-та година може да ја прогласи за најсреќна година во својот живот кога на железничка станица за влакно избегна удар од воз.
Имено, во еден град во Индија девојката се сопнала и паднала во моментот кога возот со неверојатна брзина пристигнувал на станицата.
Како што пренесуваат локалните медиуми, настанот се случил на железничката станица „Дадар“ кога девојката се обидела од пругата да се качи на платформата.
Ударот бил значително намален, односно речиси целосно избегнат, поради тоа што машиновозачот ги активирал сопирачките кога ја забележал девојката од далеку.
Докоторите за прва помош сакале да ја одведат девојката во болница бидејќи имала помали повреди, но таа одбила и самостојно ја напуштила станицата, без да каже повеќе детали за себе.