За време на викендот продор на уште потопол воздух од југ

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, особено во претпладневните часови. Локално ќе биде неста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за локална појава на НЕВРЕМЕ со град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.
Во Скопје во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 28 степени.
Потоа од утре ќе имаме стабилизација на временската состојба кај нас. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Исто така утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен Долж Повардарието.
Температурите на воздухот, особено за време на викендот ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради продор на уште потопла воздушна маса од југ, истите за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.