За една минута: Како да направите самопреглед на тироидната жлезда?

Тироидната жлезда е наречена енергетски центар на телото и е регулатор на работата на сите клетки во телото, бидејќи хормоните што ги произведува таа директно влијаат врз метаболизмот на клетките, па затоа е многу е важно да се одржува здрава.
За една минута: Како да направите самопреглед на тироидната жлезда?
Според проценките на Светската здравствена организација, во светот има 2 милијарди луѓе кои страдаат од нарушување на работата на тироидната жлезда. Од нив, 20% се Европејци.
Кога станува збор за нерамнотежата на функцијата на тироидната жлезда, или нејзината дисфункција , овие две состојби се многу загрижувачки:
Хипотироидизам – намалена функција на тироидната жлезда
Хипертироидизам – зголемена функција на тироидната жлезда
Бидејќи тироидните хормони го регулираат метаболизмот на целото тело, нивното зголемено или намалено лачење може да предизвика различни проблеми, од кои некои може да бидат сериозни.
Бројот на луѓе дијагностицирани со карцином на тироидната жлезда се зголемува, но ендокринолозите велат дека нема причина за грижа затоа што сега е зголемена достапноста на дијагностичките тестови, како што е ултразвукот на тироидната жлезда и тие може да детектираат јазли со дијаметар од само два или три милиметри.


Но, лекарите од друга страна, потенцираат дека инциденцата на смртност од рак на тироидната жлезда не е зголемена, односно самата стапка на смртност од рак на тироидна жлезда е дури е во опаѓање.
Како да направите самопреглед?
За да се одржи здравјето на тироидната жлезда, односно да се спречат сите овие болести, важно е прво да се превенира состојбата.


Развојот на болестите на тироидната жлезда може да бидат предизвикани и од нашите навики како што се лошата исхрана, пушењето, изложеноста на стрес и слично.
Покрај тоа што треба да се внимава на сето ова, може, исто така, да дејствувате превентивно со тоа што ќе направите самопреглед на тироидната жлезда.
За самопрегледот, според лекарите, ви треба огледало и чаша вода.
Застанете пред огледалото, малку поднаведнете ја главата и напијте се вода.
Додека голтате, обидете се со прстите да почувствувате дали има оток.
Ако забележите нешто сомнително за време на самоиспитување или ако генерално се сомневате дека имате болест на тироидната жлезда, не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар и да направите анализа на крвта, како и други неопходни прегледи и да започнете со процесот на лекување што е можно поскоро, доколку постои проблем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.