За каква жена сонуваат вистинските мажи?

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Вистинскиот маж има високо ниво на самодоверба, харизма и страст. Вистинскиот маж не се плаши да ги покаже своите емоции, затоа што тој е сигурен во себеси и знае што сака од животот. Жената која е покрај вистинскиот маж секогаш е на правото место. Вистинскиот маж знае како да се однесува кон неа и да ја почитува. Во него можете да имате целосна доверба, затоа што тој никогаш нема да ве изневери. Иако сето ова звучи  неверојатно и како убава бајка, тие сепак постојат.  
Прашање е каков тип на жена сакаат?
Многу жени погрешно го разбираат она што мажите го сакаат. Многу од жените веруваат дека машките сакаат девојки кои личат на барбика.  Не, дека нема такви, меѓутоа во оваа статија станува збор за вистинските машки а не за сите! Вистината е дека вистинскиот маж, бара жена која е слична на него. Жена со која може да се забавува, да сподели добро и зло, да биде негов најдобар пријател и страсна љубовница.
Мажите сакаат жени кои не се плашат да бидат она што навистина се. Тие всушност сонуваат за жена која ги разбира двата света, знае да размислува ”машки” , а сепак да биде дама со стил и држење. Тие сакаат жена која знае да направи хармонија во домот и да биде со најблиските, а истовремено да знае да се збавува и да биде комуникативна. Машките сакаат девојки кои знаат и да се извалкаат и да бидат природни, всушност жени со авантуристички дух! Тие сакат нивната сопатничка  да биде полна со животна страст и да го сака животот.
Ниту еден вистински маж не би сакал поред себе да има “воштена фигура” Ме разбирате на што мислам!? Убава и секси  АМА…  ниту пак  сакаат  беспомошна,  принцеза од бајките. На секој би му се допаднала  женска која знае што сака и цврсто стои на земја. Мажите ги сакаат одлучните  жени кои се борат за тоа што го сакаат без разлика на се. Вистинските мажи знаат дека внатрешната убавина е она што навистина е важно.
Секогаш бидете она што сте, немојте да се криете зад маски ,   можеби наредниот состанок навистина ќе ви биде со вистинскиот, односно мажот за кој жените сонуваат… никогаш не се знае… Пред  да излезете од  дома оставете ја целата несигурност  зад себе. Бидете она што навистина сте, во тоа е убавината!
 
 
 
 
 
 
 
 
 
  
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: