За креативци: Идеи со кои можете да ги започнете подготовките за Велигден

Иако можеби ќе кажете дека сѐ уште е рано да започнете со подготовки за Велигден, понудата во продавниците го кажува спротивното.
Сепак, за креативни идеи секогаш е вистинско време, па во продолжение ќе видите неколку кои можете да ги направите и сами, а ќе го разбуват домот и трпезата.
Постојат неколку украси кои се поврзуваат за овој голем празник, а покрај јајцата во различни варијанти, едни од нив се и малите зајчиња, морковите, пилињата…
Создадете вистинско мало царство во домот составено од колоритни кошници, украси за на врата, дрва со јајца, разни корпи за на маса, како и мали совршенства во кујната.


Вистински хит и оваа година се омбре јајцата за кои знаеме дека ќе го привлечат целото внимание во домот, а и лесни се за правење. Единствено што треба да направите е да внимавате колку време ги држите во бојата, односно можете да почнете од една, па сѐ до 10 минути за да го постигнете овој ефект. Другата варијанта е да ги попрскате со спреј или некоја боја постепено по површината за да постигнете омбре момент.
Подеднакво прекрасни се и еднобојните јајца на кои се испишани цитати или пак залепени цветови, но и сите оние украси од јајца во кои можеме да ставиме цветови или пак свеќи за уште поубава атмосфера.


Што се однесува до храната, хит кај рецептите за Велигден се морковите кои и не се нешто ново, но годинава ги обожаваме во многу повеќе варијанти.
Солените и благите рецепти добиваат сосема нова и поинаква димензија со вкусните моркови, без разлика дали се работи за торта, пита или пак едноставно испечени на скара со зачини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.