Латиноамериканските палачинки од пченка се поразлични од оние на кои сме навикнале – слични се на тортиљите, а полни се со сирење.
Топено сирење во крцкави палачинки од пченка се специјалитет во Венецуела познат како „cachapas“.
Тоа се палачинки кои се подготвуваат од варена пченка, а слободно може да се послужите и со онаа од конзерва, но треба да знаете дека таквата е потечна, па ќе ви биде потребно помалку млеко (доколку користите).
Состојки:
- 400 грама варена пченка;
- 2 лажици стопен путер;
- 1 јајце;
- 35 грама брашно;
- 2 лажици шеќер;
- 1 лажица сол;
- 250 грама моцарела.
Подготовка на пченкарни палачинки:
- Ставете ги сите состојки, освен моцарелата во блендер. Матете една минута додека не добиете смеса.
- Загрејте ја тавата и намачкајте ја малку со растително масло. Ставете од тестото и распоредете го во тавата.
- Пржете неколку минути додека на површината не се појават мали дупчиња, па превртете ја смесата. Пржете околу 2 минути и веднаш наполнете со сирење за малку да се стопи.
- Послужете!
На здравје!