За празниците дежурни лекари во сите скопски поликлиники

Во деновите на велигденските празници службите на Здравствен дом на Скопје ќе обезбедуваат 24-часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во Поликлиниката Идадија,Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари , Драчево и Букурешт.
Саботното дежурство на 27 април на сите специјалистички служби ќе се реализира во поликлиниката Букурешт од 8 до 16 часот и 24 часовна покриеност од Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување, посочуваат од Здравствен дом на Скопје.
– Им препорачуваме на граѓаните поради изминатиот период на постење да внимааат со внесување на храна од животинско потекло и консумација на алкохол поради здравствени и безбедносни причини, стои во соопштението на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје-Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.