За Сека Алексиќ ова не е првпат да биде приведена поради нелегална работа: Истото се случи и во Хрватска

Сека Алексиќ е приведена во Швајцарија, откако ноќта меѓу саботата и неделата упаднала во клубот каде што требало да настапи, при што било утврдено дека ниту таа ниту нејзиниот бенд ја немаат потребната работна дозвола.Тие биле приведени, а подоцна ослободени. Платена е и глобата пропишана со закон.– Швајцарската полиција утврдила дека Сека ја немала потребната работна дозвола, а свирката била „на црно“. Постои можност да добие забрана за влез во Шенген зоната од 2-5 години – вели изворот на српскиот портал Телеграф.Во оваа прилика се огласи Сека која рече дека казните ги платил сопственикот на клубот.– Полицијата дојде на нашиот настап и ги провери работните дозволи, утврди дека не се соодветни. И полицијата ми зеде исказ и го казни сопственикот за мене и за целиот бенд – изјави пејачката за Блиц.Инаку, ова не е првпат Сека да го има овој проблем. Истото се случи и во 2011 година во Макарска.Пејачката и нејзиниот бенд настапувале во клуб во Макарска без работни дозволи, пишуваа тогаш хрватските медиуми, а поради тоа полицајци во придружба на државни инспектори вечерта упаднале во клубот и ги привеле.Индивидуалната казна била 3.000 куни, што е околу 370 евра, односно вкупно платиле околу 1.500 евра, во кои се вклучени и казните на членовите на бендот, пишуваше тогаш RTL.

Пронајдете не на следниве мрежи: