За “Тенк“ шест години затвор за Гордана Јанкулоска

Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи  доби шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ С600 за кој Специјалното јавно обвинителство покрена обвинение познато како „Тенк“. Пресудата денес на пладне во Кривичниот суд ја изрече претседателката на судечкиот совет Добрила Кацарска. Јанкуловска не присуствуваше на изрекувањето на пресудата туку само нејзините адвокати и претставници на СЈО.
Судење за Јанкулоска, кое пред неколку месеци беше издвоено поради нејзината бременост, започна кон крајот на август годинава по нејзиното породување.
Во „Тенк“ претходно беа осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор, за набавка на блиндиран  „Мерцедес“ во вредност од 600 илјади евра.
Двајцата се жалеа до Апелацискиот суд за висината на казните. Апелација во петокот соопшти дека жалбата на Груевски е отфрлена и му ја потврди затворската казна од две години. На Поповски, пак, пресудата му е преиначена на четири ипол години затвор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.