Четворица мажи денеска беа осудени на доживотен затвор на судењето за смртта на Ешли Дејл (28), која беше застрелана и убиена во семејната куќа во август минатата година.
Ја убиле со автоматско оружје членови на криминална банда кои, како што пишува британски Дејли Мејл, имале проблем со нејзиното момче.
- Хороскопски знаци кои никогаш не ги изневеруваат партнерите
- Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани
- САД најавуваат воена помош од 425 милиони долари за Украина
- Блокада на булеварот Борис Трајковски од жителите на Кисела Вода
- Студент си го убил цимерот и го изел: Поминаа 12 години од злосторството кое ја шокираше јавноста, еве како се бранеше убиецот (видео)
Во прашање се Џејмс Висам (41) кој ја уби, неговиот возач Џозеф Пирс (29) заедно со Ниал Бери (26) и Шон Цајс (28) кои го организирале убиството од соседниот стан.
На судењето беше кажано дека Бери, кој водел трговија со дрога во Каунти Лајнс, го наредил нападот по долготрајна расправија со момчето на убиената девојка.
Бери и Ли Харисон, момчето на убиената Ешли, пред три години се скарале поради наводна кражба на дрога.
– Без Ли Харисон ова немаше да се случи – изјавила видно депресивната мајка на Џули Дејл.
Мајката изјавила дека по пресудата била повеќе лута на Харисон отколку на самиот убиец.
Ешли беше застрелана со автоматска пушка „Скорпион“ во нејзиниот дом во Олд Свон, Ливерпул, на 21 август 2022 година. Таа беше една од петте невини жртви убиени минатата година среде ескалацијата на насилството меѓу нарко бандите од Мерсисајд.
За време на судењето, обвинителот Пол Грини раскажал како госпоѓа Дејл била застрелана во стомакот од убиецот, а соседите го пријавиле случајот во полиција, која ја затекнала како умира во задниот двор од нејзината куќа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.