Забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан и на Стража

Поради интензивни врнежи од снег, на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан во 16:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопштија од ЈП „Македонија пат“. Од истите причини во 17 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на планинскиот превој Стража.
На Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, пред околу еден час беа објавени фотографии од моменталната состојба на Стажа на кои може да се види долга колона возила и нерасчистен снег на патот.
Стража блокирана, ич не поаѓајте, се вели во објавата на „Ѕид на сообраќајниот срам“.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK