Состојбата со загадениот воздух во Македонија и веќе подолг период е катастрофална, иако грејната сезона само што започна.
Според мерните станици за квалитет на воздухот вчера најзагаден град во државата е Куманово, со измерени 210 ПМ 10 честички на метар кубен или над 4 пати повеќе од дозволеното ниво.
Македонските градови одамна рушат рекорди. Не поминува ден некој наш град да не се најде на светските мапа на најзагадени градови во светот.
Граѓаните се се повеќе загрижени за своето здравје, а локалните власти како и централната власт на СДСМ се уште немаат преземено никакви мерки за спречување на енормното загадување на воздухот.