Вчера во 23.05 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека околу 12.00 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ч.В.(63) од Куманово, кој во 22.00 часот починал.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи на подрачјето на Чаир.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.