Загрозени кинеските милиони, Тошиќ полуде

Скандалот кој го предизвика Јелена Карлеуша веќе не е вест само во регионот, што на нејзиниот сопруг Душко никако не му одговара. Аферата за врската на пејачката и фудбалерот Врањеш стигна и во  медиумите во Кина, каде Душко Тошиќ потпиша повеќемилионски договор. Скандалозните снимки и експлицитните фотографии кои излегоа во јавност, заедно со пораките кои неговата сопруга ги разменувала со Врањеш уште како ќе ја нарушат репутацијата на Тошиќ, кој е еден од нивните најплатени играчи. Како што информираат српските медиуми, тоа би можело да влијае на продолжувањето на неговата кариера во Кина.
– Душко се обиде потполно да се изолира од целата приказна и по изјавата која ја даде на почетокот, упатувајќи ги медиумите да му се обратат на Врањеш, повеќе не се огласуваше. Веднаш по расправијата со Јелена , откако и ги најде пораките во телефонот, тој замина во Кина. Затоа сега кога кинеските медиуми  почнаа да пишуваат за изневерувањето од неговата сопруга и во целост да ги пренесуваат пораките кои таа ги разменувала со неговиот помлад колега, потполно полуде. За кинеските медиуми оваа приказна деновиве е вистинска посластица и објавуваат се што се пишува во српските медиуми, заедно со фотографиите. Ова не само што ја руши репутацијата на Душко во Кина, туку може да влијае и на неговиот договор кој годишно би требал да изнесува осум ипол милиони евра, а кој би требал да трае до 2021. година, вели српскиот извор близок до Тошиќ и додава:
– Покрај тоа, тамошните медиуми пишувале и дека Душко се гледал со Софија Милошевиќ, иако таа тоа го демантираше. Во целата приказна го вплеткале и поранешното момче на Софија, исто така фудбалер, Адем Љајиќ, па од се направиле дополнителен скандал. Душко беше свесен дека аферата на неговата сопруга ќе го уништи неговиот имиџ во Србија и регионот, но не се надеваше дека за тоа ќе дознаат и кинеските медиуми, дополнува изворот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.