Во една бенигна и смирувачка атмосфера Заев пробува да се амнестира од одговорност себе и неговите за бегството на Груевски од државата. Несомнено некој е одговорен? Но кој?
-Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност кој сака во државата, почнувајќи од мене, па било кој друг. Но, не можеме да разрешуваме луѓе, затоа што е гневна јавноста. И порано се исправуваше дилемата дали Заев се договорил со Груевски во Пржинскиот договор, испадна дека не се договорил. Се што сум кажал, така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен. Унгарија треба да каже дали бил киднапиран, дали по своја волја влегол во дипломатско возило, изјави Заев.
„Се што сум рекол така ќе биде. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен! Заради тоа што и меѓународната легислатива и законите се на наша страна. Ќе биде вратен! И Санадер избега па беше вратен“, рече Заев.