Запрашан дали се кае за интервјуто со Заев во вестите на Сител во 2016-та година, Латас изјави дека не се кае и дека е горд што тоа е најгледано интервју на интернет со преку 2 милиони прегледи, изјави и дека Заев по интервјуто се обидел да го уништи и него и целото негово семејство за да му се одмазди, кажа и дека паднал во депресија поради прогонот на СЈО и дека дури размислувал и да се самоубие.
На сето ова во изјава за Мактел реагира екс премиерот Зоран Заев:
– Многу лош и злобен човек, му помогнав и нему и на неговиот син кој требаше да се лечи во Германија, дојде да ме моли и да плаче во кабинет кога станав премиер, јас простувам и не сум злопамтило особено помагам на оние кои се во невоља без разлика што направиле против мене и моето семејство…
Нека му служи на чест што ниту е благодарен па дури и ја манипулира и лаже јавноста дека сум сакал да му наштетам и да му се одмаздам – изјави Заев за Мактел.мк
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.