Заев: Не е исклучена можноста од карантин цели денови и цели викенди

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на новинарско прашање одговори дека има логика полицискиот час да се воведе од 22 часот иако претходно угоститлските објекти се преполни.
Логично ми е заради тоа што во земјите како што е Австрија Бугарија, Хрватска, Словенија, Германија, Британија Швајцарија имавме затворање на ресотраните, а бројките растеа. дури и подинамично по глава на жител од северна Mакедонија.
Тоа не е доказ дека бројките можат да растат или не.


Во кафаните има ред и поредок како треба да седат граѓаните, а дали се спроведува тоа треба самите институции да го казнуваат, односно и да го спроведуваат самите организатори на угостителските објекти без разлика дали се тоа кафетерии, ресторани, хотели или слично.Но, ако ги затворите, граѓаните се собираат пред објектот, во паркот, на Водно, пред колективната зграда, на плоштадот, на скверовите, насекаде и затоа треба барем после 10 буквално сите си седиме дома.
Така што апсолутно мерката е издржана.
Понатаму не се исклучуваат можностите за цели викенди, за цели денови и слично, ако не паднат бројките, од нас зависи, дали ќе се придржуваме на мерките да носиме маска, да избегнуваме групирање. Сериозна е работата, претседател на влада сум, не смееме да си играме играчки, животи се губат. Нема поголем национален интерес од здравјето на граѓаните и треба да помогнеме за да не се продолжи со уште построги мерки кога доаѓа пролетта.
Да помогнеме сите овие мерки да останат само овие две седмици, за да нема причина да одиме на поригорозни мерки“, кажа Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.