На денешната седница премиерот Заев им се заблагодари на министрите кои дадоа оставка и додаде дека ќе раководи со Министерството за финансии, се додека не биде избран министер.
– Сакам да се заблагодарам на сите министри кои дадоа оставка и им посакувам успех на личен и професионален план. Функцијата претсетадел на Влада и министер е неспоива, но Уставот дозволува премиерот да биде и министер. Јас ќе раководам со Министерството за финансии, се додека не се избере нов министер, рече Заев.