Јелена и Новак Ѓоковиќ се во брак од 2014 година, наскоро ќе прослават и јубилеј – деценија брак. Нивната љубовна приказна започнала на крајот од средното училиште, одолеале на бројните предизвици и денес можат да се пофалат со стабилен брак.
Како што секогаш е искрена кога зборува за својот живот и се обидува јасно да стави до знаење дека никој не е свршен, па ниту тие, Јелена освен за родителството, во емисијата „Кец на единаесет“ на телевизијата „К1“, таа открила и дел од односот со сопругот и најдобриот тенисер, Новак Ѓоковиќ.
„Јас сум многу своја и не ми е гајле што ќе каже околината. Кога јас и Новак сме заедно, тоа сме вистинските ние, и кога се караме и кога сме заљубени. Тоа е емоција која е природна и мило ми е што можеме да бидеме свои“, зборувала Јелена и додала дека најважно во животот е да останеш свој.
„Новак е многу автентичен. Заедно сме од 18 години. Сестра ми се отсели пред 18 години, јас со мојот сопруг сум заедно исто толку – ние сме премногу блиски. Не гледам на тоа како нешто што го правиме за публицитет. И сакам да одговорам кога луѓето ми велат дека сме совршени. Веднаш да ви кажам дека не сме. Се сеќавам кога се спречкавме во еден лајв пред неколку години. Бев бремена и емотивна, а тој беше груб во тој момент. Јас изреагирав како што изреагирав. Откако размислив, се запрашав: „Боже, дали навистина луѓето мислат дека кај нас е само мед и млеко. Сепак, мислам дека не мислат, но веројатно е еден вид проекција, доколку тежнееме кон материјалното, слава, пари и сл … веројатно таму е подобро. Најважно е човекот да се освести кој е и што е, затоа што ние всушност не знаеме кои сме. Колку долго и ние глумевме како би се адаптирале.
Да се обидував да ѝ угодам на јавноста, која од мене очекуваше да се допаднам на сите, не знам дали на Новак ќе му се „разденеше“, затоа што тоа ќе требаше да се проектира некаде во домот. Тој секојпат е сè подобар, што значи дека ние одлично функционираме, но и јас сум подобра. Тоа што ние двајца успеавме да бидеме свои заедно, но и одвоено, за мене е најголем успех. Доколку некој тежнее кон нешто, тоа нека биде стремењето да биде свој, бидејќи тоа нема цена“, заклучила Јелена Ѓоковиќ во емисијата „Кец на единаесет“ на телевизијата К1.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.