ЗАКАНАТА НА УНГАРИЈА ВРОДИ СО ПЛОД Бугарија ја укина дополнителната такса на руски гас

Бугарскиот парламент денеска донесе одлука за укинување на дополнителниот данок на рускиот гас и ограничувањата за руската нафта.

Граѓаните им должат на банките речиси четири милијарди евра
Вкупниот долг на македонските граѓани кон банките изнесува 3,9 милијарди евра, покажува последниот извештај на Народна Банка. Според НБРСМ, долгот на населението кон банките во август бил за 0,4 проценти повисок во однос на …
Вандали фрлиле ѓубре и уништиле дел од опремата во Градски Парк
Непознати вандали викендов обиле пункт во кој јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ чува дел од опремата за уредување на зелените површини, при што превртеле и уништиле дел од механизацијата, соопшти јавното претпријатие. Од „Паркови …

Според бугарските медиуми, и покрај прекините, поради противењето на опозицијата, со гласање беше укината дополнителната такса за транспорт на руски гас преку Бугарија и беше прифатен амандманот со кој се забрзува укинувањето на ограничувањата за увоз на руска нафта, од што примарно е во корист на рафинеријата „Лукоил Нефтохим“.

Дополнителниот данок на рускиот гас е укинат откако Унгарија објави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната.

Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекуваше годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.