Законот за бранителите ќе остане заглавен, изјави Меџити

„Законот за бранители е заглавен во комисија која се води од Илире Даути и очекуваме дека таму и ќе остане“, вели првиот вицепремиер Меџити како одговор на прашањето дали од коалицијата Вреди разговарале по ова прашање со премиерот Христијан Мицкоски.

Меџити во интервју за РСЕ вели дека политиката на СДСМ и ДУИ оди во функција на дестабилизација на државата.

– Дилемата и прашањето е зошто СДСМ кој до вчера се бореше со граѓански концепт, кој направи резултат и со албански гласови, има видни членови Албанци и во нивните структури, зошто не направи ништо за ова додека беше на власт последните осум години? И зошто баш сега имаат предлог за бранителите? Ова мислам дека е дневна политика и оди во функција на дестабилизација на процесите и на државата. Значи, синхронизирани се со ДУИ, само за да не одговараат, тврди Меџити.

Пронајдете не на следниве мрежи: