Замената на зимските гуми го намалува ризикот од несреќи

Замената на зимските гуми со летни не е задолжителна, но на возачите им се препорачува тоа да го прават бидејќи на тој начин се намалува ризикот од сообраќајни незгоди во градски услови.
Летните пневматици даваат најдобри перформанси на температури над 7 степени, а зимски подолу, па, доколку возачите не ги заменат гумите, ќе ги потрошат и нема да можат да ги користат следната сезона.

Летните гуми се направени за да обезбедат многу подобар проток на вода што придонесува за пократко растојание за сопирање и потоа се случуваат помалку сообраќајни несреќи, особено во градски услови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.