“Заменски тато”: Отворил Јутјуб канал за сите деца кои растат без татко

Роб Кени кој пораснал без татко, станал вирална сензација откако отворил Јутјуб канал за да споделува “татковски совети” со сите деца кои се во слична позиција.
Таткото на две деца имал тешко детство – кога имал само 12 години, неговиот татко го напуштил бидејќи сметал дека не е спремен да ја преземе одговорноста која ја носи родителството. Тоа значело дека Роб немал со кој да разговара за бричењето или врзувањето вратоврска, никој не му покажал како да промени гума на автомобилот…
“Имаше старателство над нас, но всушност не нè сакаше”, изјавил Роб во неодамнешното интервју за “Shattered”.

Бидејќи и самиот пораснал без татковска фигура, оној ден кога и самиот станал татко, знаел дека треба да пронајде креативен начин да им помогне на децата кои растат без родители. Затоа и одлучил да го отвори Јутјуб каналот наречен “Dad, how do I?” на кој споделува видео туторијали во кои објаснува разни нешта, од бричење на брада до тоа како се менува масло во автомобилот. Роб се погрижил во своите видеа да покрие најразлични нешта кои вообичаено децата ги учат од своите мајки и татковци.

Во видеата, Кени го покажал својот прекрасен карактер и набрзо станал вирална сензација со повеќе од 1,5 милиони претплатници на каналот. Ваквата идеја му се родила уште пред 2 години, но во текот на карантинот неговата ќерка го наговорила конечно да отвори свој канал и да ја претвори идејата во дело.
Роби вели дека мотивација му се луѓето кои редовно му испраќаат пораки за поддршка. Најмногу го погодуваат пораки од луѓе кои ги загубиле своите татковци, чии татковци ги напуштиле или едноставно не комуницираат и велат дека неговите видеа ги гледаат со солзи во очите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.