Занимливите навики во исхраната на познатите ѕвезди

Многумина од нас сакаат секојдневно да ја консумираат својата омилена храна. Без разлика за што станува збор, мораме барем еднаш во денот да се насладиме, инаку нашиот ден би немал смисла. Можеби звучи смешно, но не сте сами, бидејќи многу познати личности ја имаат оваа интересна навика. Секако, некои од нив консумираат нешто поздраво, додека други воопшто не се грижат за своите килограми. Па, пребарувајќи по Интернет дознавме дека познатите се малку чудни кога станува збор за храната, а еве какви „занимливости“ тие сакаат да консумираат секојдневно, без исклучок.


Ким Кардашијан, на пример, секојдневно јаде пилешка кинеска салата со манго. Всушност, ова и не е толку лоша навика.
Нејзината сестра Кортни Кардашијан пак, е тотално опседната со здравјето, а без оглед на неколкуте породувања, таа и понатаму има сјајна фигура. Ситна и слаба – кој не би посакал да изгледа како неа? Инаку, таа денот секогаш го започнува со лажичка специјален гхи путер, а дваесет минути подоцна не јаде ништо и тоа мора да биде првата работа што ќе ја стави во својот стомак. Инаку, ова е трикот со чија помош можете да бидете послаби, помускулести и енергични, а заедно со тоа и поздрави и ментално поостри. Погледнете ја Кортни како доказ.
Криси Тајген не може да го замисли својот ден без риба со лук. Некогаш една, некогаш две… Не може да престане!

Ферги со својот сопруг Џош Дамел имаат специјален утрински ритуал и тоа во вид на смуди. Нивната „енергија во чаша“ содржи спанаќ, кељ, целер, јаболко, банана и круша. Овој појадок го практикуваат седум години наназад.

Ева Мендез нема проблем со навиките во јадењето. Таа секој ден руча и вечера комбинација од лосос и ориз и тоа за неа е сосема во ред. „Гориво“ за телото.
Кајли Џенер додека била со Тајга, секое утро за него подготвувала омлет со ориз и колбаси, а тој не можел да си го замисли денот без него и секогаш барал повеќе.
Мараја Кери имала чудна и доста тешка диета. Секој ден консумирала само две намирници, а тоа се норвешки лосос и копар. И тоа секој ден, по цел ден. Но, се разбира, брзо се откажала.
Бела Хадид секое утро јаде сирење на скара и помфрит со малку кечап. Сите ние можеме да се пронајдеме во оваа слатка ужина. Само, прашање е колку вежбање се крие зад овој оброк…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.