Запленет хашиш во вредност од 16 милиони евра во Италија

Италијанската полиција во саботата во едно предградие на Рим, запленила тон хашиш чијашто вредност е проценета на 15 милиони евра, кој бил превезуван зад кутии со компири во камион што го управувал холандски возач, се наведува во полициското соопштение што го пресува AFP.Хашишот бил пакуван во целофански кесички со тежина од по 100 грама и сместен за кутиите со компирите, Возачот на камионот бил приведен.„Истрагата е во тек. Настојуваме да откриеме која злосторничка организација стои зад ова“, изјави за AFP портпаролот на италијанската полиција, Алесандро Лангџело.Во 2011 година холандските власти открија мрежа на произведувачи и „извозници“ на канабис произведен во Холандија. И покрај тоа што производството на канабис во Холандија е илегална, оваа земја во 1976 година го легализираше неговото поседување и продажба кога станува збор за количества помали од пет грама.
МакфаксИталијанската полиција во саботата во едно предградие на Рим, запленила тон хашиш чијашто вредност е проценета на 15 м

Пронајдете не на следниве мрежи: