Хамас објави видео од лансирањето на беспилотни летала камикази „Ал-Завари“, кои влегле во служба на нивната група и учествувале во нападот на војниците на територијата на Израел.
Да потсетиме дека на првиот ден од новиот конфликт меѓу Хамас и Израел беа лансирани повеќе од 5.000 проектили од палестинска страна.
- Русите стигнаа на само 7 километри од Дњепропетровск
- Во објект во Гостивар затекнати седум Јужноамериканки
- Крадец среде бел ден во Карпош сакал да ограби маркет, па откако не успеал повредил вработена
- Чипот на Маск вграден во мозокот на трет пациент, планира да вгради 30 такви чипови во 2025 година
- Дуда бара гаранции дека Нетанјаху нема да биде уапсен доколку го посети Аушвиц
На социјалните мрежи се објавени снимки од нови дронови на Хамас. Засега не се знае дали станува збор за домашно производство на дрон, или дали е увезен од друга земја.
Израелските медиуми пишуваат дека во моментов се води голема битка во воздухот, а беспилотните летала на Хамас се успешно соборени од американскиот систем за противвоздушна одбрана Патриот.
Да потсетиме, воениот огранок на палестинското терористичко движење Исламски џихад (ПИЈ), бригадите Ал-Кудс, претстави нови локално произведени беспилотни летала и проектили за време на воената парада во централниот дел на Појасот Газа во средата.
Терористичкото движење покажа три беспилотни летала со име „Сахаб“, „Сајад“ и „Худхуд“. PIJ наведе дека дронот Sahab е наменет за „разузнавачки и офанзивни мисии“, Saiad е наменет за „непријателски сили и возила“, а Hudhud е наменет за „извидувачки мисии, откривање и фотографирање“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.