Започнете го денот како супермодел: Еве што појадуваат атрактивните манекенки

Врвните светски манекенки го откриваат своето утринско мени кое е нискокалорично, но сепак им обезбедува доволно хранливи состојки за енергичниот ден кој следува.
Па, доколку сакате да појадувате квалитетно и како супермодел, ви препорачуваме да ги испробате следниве комбинации:
Криси Тајген појадува сендвич направен од леб од цели зрна, пржени јајца, домати, чиста пршута и пире од авокадо со малку чили.


Миранда Кер за појадок јаде палачинки, но во здрава верзија. Рецептот е едноставен – измешајте една испасирана банана со едно јајце, една изматена белка и 2 лажици мелени овесни снегулки. Добиената смеса се пече во рерна со додаток од кокосово масло.
Жизел Бундшен појадува зелено смути од зеленчук кое е богато со антиоксиданси и железо.
Адриана Лима практикува разновиден појадок. Најпрво јаде мал сендвич со шунка со ниска масленост и сирење. Потоа преминува на слатко и јаде кроасан со мармалад, а на крај го завршува појадокот со свежо сезонско овошје.


Карли Клос за појадок прави смути од капини и чоколадо. За ваквиот оброк ѝ е потребна една шолја незасладено бадемово млеко, протеин во прав со вкус на чоколадо, една банана и шолја капини. Сите состојки се ставаат во блендер и потоа се пијат.
Нина Агдал наутро сака да ужива во мешавина од гранола и свежо овошје, а потоа пие една голема шолја кафе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.