Запрепастувачки фотографии кои не се правени со Фотошоп

Судејќи по фотографииве, луѓето од минатото немале исто гледиште за страшното и чудното како ние денес.

 
 1.Откако ќе ја погледнете оваа фотографија, можеби прво на памет ќе ви дојде дека се работи за оптичка илузија, но би згрешиле. На фотографијата е Ела Харпер, девојка од Тенеси, Америка, која со тек на време ја нарекувале „Девојката камила“. Ела патела од деформираност на колената, па како и многу други луѓе во 19-от век кои имале разни деформации, работела во циркус и на тој начин заработувала за живот.

                                                               2. Фани Милс, исто така живееле кон крајот на 19 век, а патела од Милроијева болест, поради која долниот дел од телото и е премногу голем, Во тоа време била позната по прекарот „Оhio Big Foot Girl“. Таа живеела сосема обично, но исто така работела во циркус.
 

                                                                                                               3. Нема конкретен термин за ова што го гледате на оваа фотографија, освен „двојна глава“, бидејчи се работи токму за тоа. Ова е глава на момче од Бенгал, кое живеело само 4 години. При крајот на 18-от век. Момчето на главата имало ушт една „паразитска“ глава која давала знаци на самостоен живот.

 
                                     4. Не, ова не е Чубака, ова е Стефан Бибровски, кој се прославил во циркусот Барнум и Баилеј под името „Лајонел-човекот лав“, поради очигледни причини. Оваа влакнетост е резултат на Амбросовиот синдром. Тешко е да не се примети колку Стефан се мачел за да се среди, а поминувал и по неколку саато чешлајќи ги долгите влакна.  А денес им е тешко да избричат неколку влакна на лицето.

Пронајдете не на следниве мрежи: