Затворена за сообраќај делницата Демир Капија – Давидово поради асфалтирање

Делницата Демир Капија – Давидово поради асфалтирање ќе биде затворена за сообраќај од денеска до 20 јули, во периодот од 10 до 16 часот.

Поради асфалтирање, од 4 до 8 јули (од 8 до 18 часот) затворена за возила е и делницата Велес – Градско, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Според известувањето на АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.