Затвореник со куршум во нога ја отслужува казната во Идризово

Во најголемиот затвор во Скопје, Идризово живее затвореник со куршум во нога, јавува “Досие.мк“. Според податоците на порталот, затвореникот требало да биде испратен на лекување на Хируршките клиники, но од затворот со месеци не го однеле.
Затвореникот има дозвола од судот за лекување, а затворските власти требало да го однесат и чуваат на клиника со закажан термин на 8-ми овој месец. Но, од непознати причини тој не е однесен. Заради куршумот во десниот колк затвореникот доколку преживее ќе остане траен инвалид.
Од “Досие.мк“ за постапката на Затворот побарале одговор од Управата за извршување санкции. Но, од таму добиле информација дека за затвореникот се чека асистенција за негов транспорт и чување, за што веќе е договорен нов термин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.