Захарова: Изјавите на Трамп мора да бидат проследени со конкретни чекори

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека изјавите на Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина мора да бидат проследени со конкретни чекори.

Захарова за телевизијата „Русија 24“ изјави дека изјавите на Трамп мора да бидат проследени со конкретни активности на кои ќе се фокусираат сите страни.

Според неа, Трамп разбрал дека САД треба да ги решат своите внатрешни проблеми, пренесоа руските медиуми.

Трамп, кој пред еден час прогласи победа на претседателските избори во САД, рече дека планира да не започнува војни, туку да ги прекине.

Пронајдете не на следниве мрежи: