Захарова со остри критики по украинскиот напад врз Белгород

Русија денешниот напад на украинските сили врз Белгород, во кој загинаа невини цивили, меѓу кои и едно дете, ќе им го предочи на релевантните меѓународни организации и Советот за безбедност на ОН, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Уште еден терористички чин на режимот во Киев донесе смрт на цивилите“, напиша Захарова на Телеграм.

Шест лица загинаа, а 17 се повредени во ракетен напад на украинските сили врз трговски центар во Белгород, соопшти гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека рускиот систем за противвоздушна одбрана соборил 14 проектили над градот, кои биле истрелани од повеќецевниот ракетен систем РМ-70 „Вемпајр“.

Пронајдете не на следниве мрежи: