Паровите кои почесто се бакнуваат се посреќни од оние кои на бакнежите не им придаваат многу значење.
Истражувањата покажале дека тој вид на нежност ја зајакнува врската и дека на долги стази ја чува од губење страст.
Експертите наведуваат и друга страна на приказната.
Имено, за само 60 секунди бакнување се согоруваат 26 калории, а дури 1.560 ако бакнежите “продолжат“ до еден час. Благодарение на нив, кожата на лицето добива поубав изглед, бидејќи „се вработуваат“ 34 мускули, го зајакнуваат тонусот и нè прават помлади и посвежи.
Но, тие не служат само за убавина и виткост, туку и за општо здравје.
Експертите тврдат дека бакнувањето го зајакнува имунитетот, делува антивоспалително, ги ублажува болките, ја подобрува циркулацијата, го отстранува стресот, спречува настанување на кариес…
Ендофрин – хормонот кој се лачи додека се допирате со усните и јазикот, делува и до 200 пати посилно од морфиумот. Тоа е одговор на прашањето зошто после бакнувањето се чувствуваме поопуштено и порасположено, ослободено од болките, особено од главоболка.
Меѓутоа, францускиот бакнеж во исто време е закана по здравјето, бидејќи може да пренесе 280 видови бактерии.
Ако трае подолго, може да се разменат и до десет милиони. Мононуклеозата исто така е можна последица од бакнување.