Пораката на Бајден следи по неколкумесечни американски повици Израел да ги промени своите воени тактики, како и по израелскиот напад во кој загинаа седум работници на хуманитарната организација која е позната по тоа што прва донесе помош во Газа по морски пат
Претседателот на САД, Џо Бајден му постави ултиматим на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, откако пред неколку дена во воздушен напад загинаа неколку хуманитарни работници. Тој му порача на Нетанјаху да ги заштитат палестинските цивили и хуманитарните работниците, кои носат помош во Газа, зашто во спротивно Вашингтон ќе ја запре поддршката за Израел во војната против милитантите на Хамас.
Пораката на Бајден следи по неколкумесечни американски повици Израел да ги промени своите воени тактики, како и по израелскиот напад во кој загинаа седум работници на хуманитарната организација која е позната по тоа што прва донесе помош во Газа по морски пат.
Израел призна дека нападот бил грешка.
Од Белата куќа не кажаа точно за тоа какви чекори би преземал Бајден. Но, аналитичарите велат дека оваа имплицитна закана на американскиот претседател е со цел да се забават американските трансфери на оружје во Израел или да се смири американската поддршка Обединетите нации.
Оттаму соопштија дека се огорчени од израелскиот воздушен напад врз Газа во кој загинаа седум лица кои работеа за „Светска централна кујна“.
Американскиот претседател Џо Бајден имал телефонски разговор со основачот на невладината организација – шпанскиот готвач Хозе Андрес, во кој му кажал дека срцето му е скршено поради веста за нападот врз вработените во организацијата.
Војната започна по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година врз Израел во кој загинаа 1 200 луѓе. Израелска инвазија, после тоа, во Газа расели повеќе од 2,3 милиони луѓе.
Според Министерството за здравство во Газа, управувана од Хамас, починале повеќе од 33 000 Палестинци, од кои поголем број биле жени и деца.
Израел го обвинува Хамас дека користи цивили како човечки штитови.