„Денеска ќе носиме одлука за тоа каде членовите ја гледаат партијата во иднина. Ова е либерална и демократска партија во која не одлучува само раководството, туку се слуша и гласот на членството, односно како тие сметаат дека ЛДП треба дејствува. Дотогаш ЛДП ќе дејствува независно и ќе дава поддршка на се она што значи реформаторски и добри закони кои овозможуваат напредок на општеството. Но, ќе бидеме и критичар на она што значи недобра политика за државата или за граѓаните“, вели претседателката на ЛДП
Либерално-демократската партија (ЛДП) ги демантира шпекулациите дека партијата размислува да премине кон мнозинството во парламентот.
Ова денеска пред почетокот на седницата на Централниот одбор на партија, го изјави претседателката на ЛДП Моника Зајкова, посочувајќи дека засега ќе делуваат независно, а дека ќе дадат поддршка на оние гласови кои се за, како што рече, доброто на државата.
„Денеска ќе носиме одлука за тоа каде членовите ја гледаат партијата во иднина. Ова е либерална и демократска партија во која не одлучува само раководството, туку се слуша и гласот на членството, односно како тие сметаат дека ЛДП треба дејствува. Дотогаш ЛДП ќе дејствува независно и ќе дава поддршка на се она што значи реформаторски и добри закони кои овозможуваат напредок на општеството. Но, ќе бидеме и критичар на она што значи недобра политика за државата или за граѓаните“,
рече таа.
Според неа, ЛДП не може да не даде поддршка за она што значи кратење на одредени органи во јавната управа или реарганизација, како што додава, нешто што било дел и од програмата на партијата на изборите.
Централниот одбор на ЛДП на седнца расправа за резултатите од парламентарните избори кои се одржаа на 8 мај, како и за тоа во која насока ќе се движи партијата во иднина.
За потсетување, Зајкова беше коносител на ИЕ 1 заедно со Димитар Ковачевски, па на сметка на тоа, заработи и пратеничко место во Собранието.
Според распоредот на силите, во новиот состав на законодавниот дом најмногу пратеници, односно 58 ќе има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „Коалицијата за европска Македонија“ на СДСМ ќе брои 18 пратеници, коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ ќе има исто 18 пратеници, коалицијата „Вреди“ ќе има 14, а Левица и „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“ ќе имаат по шест пратеника.