Зголемено нивото на предупредување за опасност од Попокатепетл

Мексиканските власти денеска прогласија трето „жолто“ ниво на предупредување за опасност од вулканот Попокатепетл, откако се засили интензитетот на исфрлање камења и пепел од неговиот кратер.
„Жолтото“ е трето ниво на сакала за предупредување на опасност, по кое следува „црвеното“, што подразбира спроведување на евакуација на жителите во реонот околу вулканот. Во радиус од 100 километри околу Попокатепетл живеат над 25 милиони луѓе.


Попокатепетл е втор по големина врв во Мексико и неговото име на ацтечки јазик значи „планина што се чади“. Тој немал масовна ерупција повеќе од 1000 години, но во последните 25 години е регистрирана негова зголемена активност.


Во Мексико има повеќе од 3.000 вулкани, од кои 14 се активни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.