ЗГРОЗЕНИ ОД ОДЛУКАТА НА КРАЛОТ – Меган и Хари имаат само рок од две недели да се отселат од одземениот имот во Британија, причината го шокираше светот

Меган и Хари потврдија дека кралот Чарлс ги исфрлил од кралската резиденција Фрогмор Котиџ во Виндзор, куќата во која живееја во Обединетото Кралство.

„Можеме да потврдиме дека војводата и војвотката од Сасекс се замолени да ја напуштат својата резиденција во Фрогмор Котиџ“, изјави нивниот претставник за медиумите.

Омид Скоби, еден од авторите на биографијата на Хари и Меган, „Наоѓајќи ја слободата“, рече дека одлуката на кралот уследила по објавувањето на Хари на неговите контроверзни мемоари „Резерва“ во јануари. Тој тврди дека на парот им било кажано дека некој друг треба да живее во резиденцијата. Односите меѓу кралското семејство и Хари и Меган, додава Скоби, се полоши од кога било.
Според британските медиуми, Хари и Меган се згрозени од одлуката на кралот. Наводно, им било кажано да ги отстранат своите работи од резиденцијата до лето, а првично им било кажано да ги соберат своите работи во рок од две недели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.