ЗДРАВ РУЧЕК ГОТВЕН ЗА ПОЛОВИНА ЧАС: Наједноставниот рецепт за КУСКУС со пилешко

Кускусот е популарна намирница ширум светот, може да ја приготват комплетни почетници и одлично ги „впива“ вкусовите на месото, зеленчукот или ароматичните зачини.
Задолжително пробајте, вкусно е, а лесно се прави.
Состојки:
200 гр кускус
4 пилешки батаци со карабатаци
1 кромид
2 чешниња лук
1 коцка супа, магдонос, сол, бибер


Подготовка:
Растворете ја коцката за супа во 700 милилитри вода и прелијте го кускусот, па покријте да кисне.
Во тава со малку масло пропржете го пилешкото да порумени, а потоа извадете го месото и пропржете ги ситно исечканите кромид и лук.
Во кускусот додадете го пржениот зеленчук, зачинете со бибер и убаво измешајте.
Префрлете го во сад за печење, истурете 200 милилитри од супата во која беше натопен, наредете го пилешкото.
Покријте со фолија и печете во загреана рерна на 180 степени околу дваесет минути.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.