Здрава супа од цвекло и ѓумбир е идеална за студените денови

Цвеклото е голем извор на витамини, минерали и влакна, а од многу одамна се користи и за лекување на грипот додека е на почеток. Од овој црвен зеленчук можат да се направат солени и благи јадења, а ние Ви го даваме рецептот за супа од британската готвачка со индиско потекло Мир Соде.
Оваа супа е многу здрава, особено за време на студеното време. Со оглед на тоа колку е едноставно да се направи би можело многу често да се најде на Вашата маса.
За подготовка на оваа супа потребни Ви се 12 минути, а за готвење 45 минути.


Потребните состојки се три лажици масло од репка, еден голем црвен кромид, излупен и исечкан, парче свеж ѓумбир, излупен и изрендан, три чешниња лук, зелена лута пиперка, 500 грама цвекло, еден компир и 50 милилитри вода во која ќе се вари зеленчукот. Сол и други зачини се додаваат по желба.
Загрејте го маслото во големо тенџере и пржете го кромидот десет минути. Додајте ѓумбир, лук и чили и дополнително пржете три минути. Потоа додадете цвекло и компир и ставете ја водата во која се вареше зеленчукот. Намалете ја топлината и оставете супата да вари половина час.
На крај посолете ја супата по желба и додајте останати зачини. Кога ќе ја сервирате супата, во чиниите додајте лажица јогурт или некои семиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.