За заработката на најголемиот пејач на Балканот, Здравко Чолиќ се шпекулирало секогаш. Меѓутоа, тој за првпат откри на јавноста колку пари всушност заработува.
Во неговата богата кариера, Чолиќ има одржано стотици концерти. Покрај пеењето, тој се занимава и со компонирање, а на прашање од медиумите, колку пари заработил минатата година од „Сокој“ (Агенција за авторски права), легендата на Југословенската сцена одговорил:
– Помеѓу четири и пет илјади динари. Можеби повеќе би добил како автор, но некои телевизии и радиостаници не му доставуваат кошулица на „Сокој“. Повеќе добивам за изведувачки права, односно заработувам малку повеќе од авторскиот дел. Што е сосема нормално, изјавил познатиот пејач.
Сите очекуваа милионски суми за оваа намена, но се шокираа кога дознаа колку навистина заработува Чолиќ.