Бадемите се неверојатно здрави и пружаат бројни здравствени предности бидејќи се богат извор на масти, протеини, флавоноиди, антиоксиданси и корисни феноли.
Поради тоа, нивното воведување во редовната исхрана е задолжително. Меѓутоа, иако многумина од нас го консумираат и веруваат дека бадемот е здрав во сите облици и производи во кои тој е главна состојка, тоа сепак не е така.
Имено, индустриското бадемово млеко содржи во себе повеќе вода, засладувачи и адитиви отколку самиот бадем. Верувале или не, но просечното литарско пакување на ова млеко содржи само неколку бадеми.
Едно неодамнешно истражување открило дека во бадемовото млеко има само 2 отсто бадеми, додека остатокот е мешавина од засладувачи, вода, додатни витамини како А, Е и Д, како и средство за згуснување наречено карагенан кое е воочено дека предизвикува воспаление на дигестивниот тракт.
Затоа, нутриционистите препорачуваат да се избегнува куповното бадемово млеко, а наместо тоа да припремите бадемово млеко “во сопствена режија”. На тој начин би ги внеле сите хранливи материи, а би ги избегнале штетните засладувачи и адитиви.
Припремата на домашното бадемово млеко е исклучително едноставна. Сè што треба да направите е да потопите сирови бадеми во вода и да ги оставите да отстојат преку ноќ.
Потоа, изблендирајте ги со три чаши вода наутро, а мешавината процедете ја низ газа, ставете ја во стаклено шише и држете ја во фрижидер до три дена.
Вака подготвеното домашно бадемово млеко е многу поздраво од комерцијалните варијанти, а по желба и вкус можете да додадете и цимет или екстракт од ванила.