Здравствена состојба на потешко повредените мигранти се подобрува

Шестмина од вкупно 12-те повредени мигранти кои беа хоспитализирани во штипската болница, се префрлени во прифатен центар во Скопје, а останатите се уште се на Одделението за ортопедија.
Како што информира директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев, во текот на денот лекарите треба да одлучат дали ќе бидат пуштени од болницата или ќе продолжат со лекување.


Сообраќајната несрека во која две лица загинаа, а дваесетина беа повредени се случи минатиот понеделник на патот Штип – Радовиш, кога комбе со скопски регистарски таблички удри во заштитна ограда на мост, кај рудникот Бучим.
Најголем дел од мигрантните беа од Шри Ланка и Бангладеш, а на сите крајна дестинација им била Италија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.