Зеленски: Русите силно ја погодија критичната инфраструктура

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека во денешните руски ракетни напади биле погодени објектите на електроенергетската инфраструктура, што предизвикало нови прекини во снабдувањето со електрична енергија, особено во регионите на Киев и Харков.

-„За жал, електричната и енергетската инфраструктура денеска беше погодена од ракети. Најтешката е ситуацијата во регионите Харков и Киев“, рече Зеленски во своето видео обраќање.

Зеленски рече дека руските напади врз цивили можат да бидат запрени само доколку западните партнери и го испорачаат потребното оружје на Украина.

„Што ни е потребно? Ни треба оружјето што се наоѓа во магацините на нашите партнери, а нашите војници го чекаат. Целиот свет знае што и како да ги спречи оние кои сеат омраза и убиваат невини луѓе. Им благодарам на сите оние кои ни помагаат да излеземе од оваа ситуација “, рече Зеленски.

Пронајдете не на следниве мрежи: