Зеленски контра Кличко: Има многу поплаки, не си ја заврши работата добро

Украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно го критикуваше градоначалникот на Киев и познатиот боксер Виталиј Кличко, наведувајќи дека не завршил добра работа во организирањето засолништа за помош на граѓаните кои останале без вода и струја поради руските напади врз инфраструктурата.

Зеленски контра Кличко: Има многу поплаки, не си ја заврши работата добро

– За жал, локалните власти не ги завршија добро работите во сите градови. Во Киев имаше особено многу поплаки… Најблаго кажано, треба да се работи повеќе.

Ве молиме, обрнете внимание, на луѓето во Киев им треба повеќе помош, многумина се без струја. Очекуваме квалитетна работа од градоначалникот – рече Зеленски.

Ова беше едно од ретките јавни несогласувања во Украина од почетокот на војната на 24 февруари. Зеленски ги критикуваше и оние, како што наведе, кои лажеле во официјалните извештаи.

Кличко засега не се огласил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.