Зеленски: Повторно ќе ја заземеме цела Украина

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во средата вети дека ќе го врати секој дел од територијата која Русија ја зеде од Украина, додека неговите војници од првата линија остварија територијални придобивки во Бахмут.

„Нема да оставиме ниту едно парче од нашата земја на непријателот – тиранијата нема да владее никаде“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.
„Мораме да ги вратиме слободата, безбедноста и Европа на целата украинска земја“, додаде тој.

Неговото обраќање дојде неколку часа откако украинските војници, вклучени во тешки борби за контрола на источниот регион Доњецк, рекоа дека ги потиснале руските војници до два километри на некои места во близина на Бахмут.
„Таму спроведуваме ефективни контранапади“, рече Олександр Сирски, командант на копнените сили на Украина, на Телеграм во средата навечер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.