ЗЕЛЕНСКИ: Ако Кина се здружи со Русија, ќе има светска војна

Коментарите на Володимир Зеленски дојдоа откако Кина рече дека САД не се во позиција да поставуваат барања, откако американскиот државен секретар го предупреди својот кинески колега дека Кина не и’ доставува оружје на Русија.

„За нас е важно Кина да не ја поддржува Руската Федерација во оваа војна“, изјави Зеленски за германскиот дневен весник „Ди Велт“.

„Всушност, би сакал тaa да биде на наша страна, но во моментов мислам дека тоа не е можно“, нагласи тој, додавајќи дека гледа можност Кина да направи прагматична проценка за она што се случува овде.

„Aко Кина ги здружи силите со Русија, ќе има светска војна и мислам дека Кина е свесна за тоа“, предупреди украинскиот претседател.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во саботата го предупреди високиот кинески дипломат Ванг Ји за последиците од испраќањето оружје за Русија. Зборувајќи за медиумите по средбата, Блинкен рече дека Вашингтон е загрижен поради тоа што Пекинг размислува за снабдување на Москва со оружје.

Зборувајќи за Молдавија, Зеленски изјави за германските медиуми дека Украина и’ предала разузнавачки информации на молдавската претседателка Маја Санду, сугерирајќи дека Русија планира државен удар во нејзината земја.

„Маја Санду никогаш не побара помош од мене, но ми се заблагодари за информацијата. Таа многу добро ја знае нашата ситуација. Украина секогаш ќе биде подготвена да и’ помогне на Молдавија“, додаде тој.

Кремљ во понеделникот соопшти дека односите на Русија со Молдавија се многу затегнати и ги обвини молдавските лидери дека се антируски настроени, една недела откако Кишињев соопшти дека го спречил рускиот обид за пуч.

Пронајдете не на следниве мрежи: