– Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, вчера разговараше за безбедносната ситуација во врска со нуклеарната електрана Запорожје, најголема во Европа и меѓу 10-те најголеми во светот, со лидерот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) Рафаел Гроси во украинскиот главен град Киев.
„Страните разговараа за моменталната безбедносна ситуација во привремено окупираната нуклеарна електрана Запорожје и ризиците што ги претставува нејзината окупација од страна на трупите“, се вели во соопштението на украинското Претседателство.
- НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Во петок почнува обврската за задолжителна зимска опремаОд петок – 15 ноември до 15 март задолжително треба да- прочитај повеќе
- Спасовски: Катастрофален почеток на владеењето на Мицкоски и неисполнети ветувања пред граѓанитеСоцијалдемократскиот сојуз на Македонија го критикува премиерот Христијан Мицкоски затоа што- прочитај повеќе
- Таравари: Исто мислење со ВМРО за законот за употреба на јазицитеЗаконот со кој се гарантира употребата на албанскиот јазик нема да- прочитај повеќе
- Ердоган: Ќе ја уништиме 40-годишната игра на империјалистите и нивните марионетиТурција ќе ја уништи 40-годишната игра на империјалистите и нивните марионети,- прочитај повеќе
- Голем дефект го остави половина Скопје без електрична енергијаИнфомакс ексклузивно дознава дека во моментов има голем дефект кај универзалниот- прочитај повеќе
Зеленски рекол дека единствен начин да се спречи нуклеарна несреќа во постројката е „нејзина потполна демилитаризација, деокупација и повторно воспоставување контрола над постројката од страна на Украина“.
Електраната во Запорожје е под контрола на Русија од март 2022 година, набргу по започнувањето на војната во Украина. Оттогаш постои страв од нуклеарна катастрофа, бидејќи Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирања во близина на електраната.
„Значаен разговор со претседателот Зеленски непосредно пред заминување на првата линија и нуклеарната електрана Запорожје. ИАЕА ја продолжува својата работа на спречување нуклеарна несреќа во Украина. Ви благодарам претседателе Зеленски на вашата поддршка во овие напори“, напиша Гроси на социјалната мрежа Х.
Претходно, во текот на денот, Гроси разговараше и со украинскиот министер за енергетика, Херман Халушченко, како и со Олех Кориков, вршителот на должност шеф на Украинскиот државен инспекторат за нуклеарна регулатива, и со Петро Котин, шефот на Енергоатом, украинскиот национален снабдувач со нуклеарна енергија.
Според ИАЕА, Гроси ќе патува во Запорожје „за да разговара и да ги оцени важните прашања и развој на настаните што се однесуваат на сѐ уште кревката нуклеарна сигурност и безбедносна ситуација на таа локација, вклучувајќи го и намалениот број персонал што работи во оваа голема постројка“.
Гроси по четврти пат ќе ја премине линијата на фронтот за да ја посети нуклеарната електрана Запорожје, чии шест реактори се затворени речиси 18 месеци и не произведуваат електрична енергија, но сѐ уште содржат големи количества нуклеарно гориво кое мора да се чува на безбедно, вклучувајќи соодветно ладење и безбедност, соопштија од ИАЕА.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.