Републиканците во Сенатот денеска го блокираа двопартискиот пакет закони со цел да се намали рекордниот број на нелегални гранични премини на САД и да вклучи милијарди долари итна помош за Украина, Израел и американските партнери во индо-пацифичкиот регион.
Официјални лица од администрацијата на претседателот Џо Бајден со месеци работат со демократите и републиканците во Сенатот на законот, кој не ги доби потребните 60 гласови од сенаторите за да биде усвоен, пренесува АП.
- Метео: Видете какво ќе биде времето денесОд УХМР јвуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно, наутро по- прочитај повеќе
- Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождовиДве недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби ги предупредија- прочитај повеќе
- Два хороскопски знаци кои сакаат да глумат жртвиВеројатно сите знаеме луѓе кои претпочитаат да ги нагласат грешките што им- прочитај повеќе
- Сиљановска Давкова-Орбан: Изразена надеж за фер процес на пристапување во ЕУ што ќе го почитува дигнитетот на македонските граѓаниПретседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски- прочитај повеќе
- Единственото нешто што Цеца побарала во затвор: Стражарите ѝ забранувале, а политичарот се шокирал кога слушнал што сака (фото)Серијата „Сабја “ отвори некои стари рани од минатото и ја врати Светлана Цеца Ражнатовиќ во- прочитај повеќе
Претходно, повеќето републиканци потврдија дека ќе гласаат против законот.
Според двопартискиот предлог-закон, Израел ќе добие 14 милијарди долари, 60 милијарди се наменети за помош на Украина, а 10 милијарди ќе одат за хуманитарна помош за цивилите во Украина, Газа и Западниот Брег.
Републиканците првично бараа промени во граничната политика во замена за помош за Украина, но се откажаа од тој компромис оваа недела набргу по објавувањето на договорот за границата, сметајќи го за неадекватен.
Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, рече дека ќе се обиде да го спаси пакетот за воена помош и ќе продолжи да се залага за гласање за помош од десетици милијарди долари за официјален Киев, Израел и другите сојузници на САД, но без легислативата за поефикасна контрола на американските граници.
Засега не е сигурно дали доволен број републиканци ќе гласаат за продолжување на постапката за гласање на законот за воена помош, бидејќи за усвојување на таа процедура потребно е и мнозинство од 60 гласови во Сенатот.
Пакетот помош за Украина во износ од околу 60 милијарди долари е закочен во американскиот Конгрес со месеци поради зголеменото противење на конзервативците во Претставничкиот дом и Сенатот кои ја критикуваат одлуката на администрацијата на Бајден како расипничка и бараат стратегија за излез на Америка од војната во Украина.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.