Земале до 3.000 евра од тура: Кривична пријава за криумчарење мигранти против шест лица

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против шест лица за сторено кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2 на територија на Р.Бугарија и Р.Унгарија, соопштија денеска од МВР.

Голем пожар зафати фабрика за ацетон во Русија, одекнуваат експлозии
Фабрика за производство на ацетон гори во рускиот регион Ленинград. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пламенот, а засега нема информации за повредени.Според Ројтерс, се уште …
Левица: СДСМ покажува дека не може да излезе од матрицата на ДУИ
Сервилноста и кукавичлукот на СДСМ ќе биде погубен преседан, коментираат од Левица за Инфомакс откако СДСМ најави дека нема да ја поддржи интерпелацијата за Илире Даути.– После два …

Кривична пријава е поднесена против Ц.Н. (23), А.М. (23), И.Б. (20), тројцата од Охрид, како и против А.С. (23), Ф.З. (21), двајцата од Кратово и Б.Д. (25) од Куманово.

Во временски период од август 2021 година до мај 2023 година, со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, сега кривично пријавените, како дел од меѓународна криминална група организирана од лица за кои веќе е поднесена кривична пријава, биле ангажирани во улога на лица кои го вршеле прифаќањето и превезувањето на лицата- илегални мигранти на територија на Р.Бугарија и Р.Унгарија. На кривично пријавените за успешно извршено криумчарење на мигранти им била исплаќана парична надокнада во висина од 1000-3000 евра, во зависност од земјата во која требало да го вршат прифаќањето и превезувањето на илегалните мигранти, се појаснува во соопштението од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.